ДПА ќе се врати во парламентот затоа што не сакаме да бидеме алиби на валканите играчи и несериозното однесување на владата, изјави лидерот на партијата Мендух Тачи пред почетокот на денешната вонредна седниц.
– Македонските партии си најдоа човек и структура со која се играат и ги прават Албанците месо за оружје, првин со ВМРО – Груби со калето а потоа со СДС – Талат не се плаши има барут Чаир да те брани – рече Тачи.
И покрај тоа што вчера пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу ја напушти парламентарната седница ,Тачи денеска ги повика Албанците да се вратат во политичкиот процес и своето незадоволство да го искажат со гласање на 24 март.
press24.mk