Драчево без струја- постои опасност да падне 110 киловолтен столб


Градежен зафат ќе остави над 10 илјади семејства без електрична енергија. Поради свлечиште на земја постои опасност од паѓање на 110 киловолтен столб пред влезот на населбата Драчево. Движењето на земјиштето е предизвикано од градежен зафат на приватна компанија.

Сопственикот на парцелата која се наоѓа веднаш под столб направил и заштитен потпорен ѕид но и тој попуштил, пренесува Канал 5.evn-dracevo3-e1426628651381

Денеска екипите на ЕВН Македонија ќе направат обезбедување на разнишаниот столб, ќе се постават сајли за да се спречи истиот да не падне на регионалниот пат Драчево- Пинтија. Со слично обезбедување ќе се затегнат и соседните два столба со цел да се спречи паѓање на целата траса и предизвикување на поголеми финансиски штети.

До касните вечерни часови денеска, населбата Драчево со Батинци, Љубош, Количани, Китка, Црвена Вода, Алдинци и останатите села ќе бидат без електрична енергија, бидејќи 110 киловолтниот далновод веќе е без напојување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1