Ученик во седмо одделение во неделата на пладне, се искачил на трамвајската бандера недалеку од белградскиот саем и со интервенција на пожарникарите е спуштен на земја.
Преговорите со детето вродиле со плод и тој се согласил со помош на пожарникарска корпа да се врати на земја.
Кратко по инцидентот полицијата го нормализирала сообраќајот, трамваите проработеле, откако повторно е вклучена струјата, која превентивно била исклучена кога момчето шетало по жиците.
Неофицијално, детето е штитеник на Домот за деца без родители „Дринка Павловиќ“ кој се наоѓа недалеку од Саемот, а на тој чекор се одлучило во знак на протест поради лошите услови во домот.
Покрај полицијата и пожарникарите сведоци на овој несекојневен настан како и драматичното спасување на момчето беа голем број граѓани на Белград.