Драма: Дете одеше по трамвајските кабли сред Белград (Видео)


Ученик во седмо одделение во неделата на пладне, се искачил на трамвајската бандера недалеку од белградскиот саем и со интервенција на пожарникарите е спуштен на земја.

Преговорите со детето вродиле со плод и тој се согласил со помош на пожарникарска корпа да се врати на земја.dete-bandera

Кратко по инцидентот полицијата го нормализирала сообраќајот, трамваите проработеле, откако повторно е вклучена струјата, која превентивно била исклучена кога момчето шетало по жиците.

Неофицијално, детето е штитеник на Домот за деца без родители „Дринка Павловиќ“ кој се наоѓа недалеку од Саемот, а на тој чекор се одлучило во знак на протест поради лошите услови во домот.

Покрај полицијата и пожарникарите сведоци на овој несекојневен настан како и драматичното спасување на момчето беа голем број граѓани на Белград.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1