На аеродромот во Франкфурт, еден од најпрометните во Европа, се запали камион кој влечел авион „Ербас 340-300“, а огнот преминал на леталото и го уништил кокпитот.
Во таа прилика се повредени 10 работници од вдишување на чад.
Пожарот веднаш почнале да го гаснат противпожарните екипи, кои набрзо го изгасиле огнот и спречиле да го проголта целиот авион.До инцидентот дошло во текот на преместувањето на авионот со помош на влечен камион.
Кокпитот изгорел, но авионот не е тешко оштетен.
Се уште не е познато дали некој од посадата или патниците биле во авионот за време на избувнувањето на пожарот.
Авијацискиот њуз портал JACDEC објави дека авионот претрпел помала штета од високата емпература, но не бил сериозно повреден. Во пожарот никој не е повреден, а огнот не влијаел на авиосообраќајот.