Македонски државјани во порше пренесувале дрога – уапсени во Србија


Цариниците во соработка со полицијата на граничниот премин Батровци, со помош на царинско службено куче запленија помало количество различни видови дрога и реквизити кои се користат при нивната продажба, соопшти Царинската управа на Србија.

„Прекршокот е откриен при преглед на „порше“ со чешки регистарски ознаки со кои патувале тројца македонски државјани со албанско потекло. Патниците рекле дека немаат ништо да пријават, но сомневајќи се во нивните зборови, царинските службеници одлучиле детално да ги прегледаат, како и нивниот багаж и автомобилот. Прегледот на цариниците им го олеснил службениот пес, кој со својата реакција недвосмислено укажал дека во еден од куферите има наркотици, пишува во соопштението.

Се додава дека ова е прва „акција“ на терен на кучето кое усепало да детектира дрога во куфер на патникот кој седел на задното седиште. Меѓу неговите лични работи, покрај малото количество кокаин, пронајден е и кристал мет, ЛСД, неколку таблети екстази и марухуана како и реквизии кои се користат при нивната продажба.

Во багажникот се наоѓала и вага за прецизно мерење, мерици, како и тестери за проверка на чистотата на дрогата, но и дозволен износ на пари во евра и чешки круни, соопштија од царината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1