Пејачката Анабела Атијас вчера утрото во „Фарма“ имала проблем со алергија, по што добила напад на гушење. Натпреварувачите веднаш реагирале, а на крајот интервенирале и лекари на Брза помош, кои и укажувале помош три часа, пишува еден српски магазин.
– Анабела уште од првиот ден имаше проблем со алергија, поради што лекарите и препишаа терапија. И пречи прашината и поленот и многу е чувствителна. Наеднаш почна да се гуши. Пред тоа, сите станаа, пиеја кафе и излегоа во дворот, одеднаш се слушна врескање и фармерите со собрале околу Анабела. Доби гушење, помодре во лицето и неможеше глас да испушти, едвај дишеше. Веднаш се реагирало и била викале Брза помош. Потоа била пренесена во Клиничкиот центар Србија, а на пат до таму и дале инекција за да спречат поголема трагедија. Ситуацијата беше сериозна. Анабела многу се вознемири, што уште толку и ја загрози состојбата, рекол извор упатен во ситуацијата за српскиот магазин.