Неколку стотици матуранти од повеќе средни училишта во Нови Сад во петокот со евакуација во последен момент избегнале потопување во Дунав во тек на матурска забава.
Дневната забава за матурантите ја организирал сплавот „Џоли Роџер“, а терасата во еден момент почнала да тоне од преголемото оптоварување. На учениците водата одеднаш им дошла до глуждовите и потопувањето било неизбежно.
На сплавот имало неколку стотини тинејџери, многу повеќе од што можел да издржи. Терасата на сплавот набрзо исчезнала во матната вода.
„Музиката престана, се слушна страшно чкрипење на даски и на сајли. Тргнавме да бегаме кон излезот, настана гужва. Некои скокнаа во Дунав. Сите успеавме да излеземе на брегот. Стоевме преплашени, матурските фустани и оделата беа мокри, ама сите бевме живи“, раскажал еден од матурантите.