Шест дена по лавината во којашто загинаа три лица од ко двајца ученици во француските Алпи, во понеделникот во нова лавина животите ги загубија пет припадници на француската Легија на странците кои скијале надвор од означена патека.
Засега не е позната националноста на војниците кои во Валфрежус учествувале на вежба, кога околу 13 часот ги затрупала лавина на височина поголема од 2.000 метри, соопштено е во понеделникот вечерта.
Единаесет скијачи од група од 500 биле однесени од снежниот нанос. Освен петтемина загинати, шест се поведени, од кои двајца се премрзнати. Еден е хоспитализиран,а четворица се полесно се повредени.
Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ледријан во вторникот наутро ќе го посети местото на несреќата.