Хан за избори на 24 април: Очекувам сите политички партии конструктивно да соработуваат


Еврокомесарот Јоханес Хан реагираше со соопштение на настаните по кои откако ВМРО-ДПМНЕ заедно со останатите партии потписнички на Договорот од Пржино, со исклучок на СДСМ, одлучи изборите да се одржат на 24 април, Собранието ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски и ја избра преодната Влада на Емил Димитриев.han

„Ја слушнав одлуката донесена денеска за предвремени избори на 24 април, како што е договорено во Пржино. Како што реков, повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии. Сега е од круцијална важност сите политички и институционални актери во земјата да сторат сѐ што можат за да се обезбедат фер избори според демократски стандарди. За да се направи ова, итно е да забрза подготвителната работа особено околу Избирачкиот список“, стои во соопштението на Хан.

„И покрај неуспехот да се најде заеднички договор за денот на изборите, очекувам сите политички партии конструктивно да соработуваат и да се држат до нивните ветувања во рамките на договорот од јуни и јули, вклучително и до реформските приоритети”, заклучува еврокомесарот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1