Ова е составот на новата Влада – Министри и заменици


Со 72 гласа за и воздржани 6 малку пред полноќ, на 18 јануари беа избрани и замениците и дополнителните заменици министри во новата преодна влада.sobranie344

Владата како мандатар во наредните 100 дена ќе ја предводи Емил Димитриев, кој го прими мандатот од претседателот Ѓорге Иванов. Зоран Јолевски-министер за одбрана, Оливер Спасовски-министер за внатрешни работи, Аднан Јашари-министер за правда, Никола Поповски-министер за надворешни работи, Зоран Ставревски-министер за финансии, Беким Незири-министер за економија, Михаил Цветков-министер за земјоделство, Никола Тодоров-министер за здравство, Абдулаќим Адеми-министер за образование, Фросина Ташевска Ременски-министер за труд и социјална политика, Лирим Шабани-министер за локална самоуправа, Елизабета Канчевска Милевска-министер за култура, Марта Арсовска Томовска-министер за информатичко општество, Владо Мисајловска-министер за транспорт и врски, Нурхан Изаири-министер за животна средина а министри без ресор се Владимир Пешевски, Фатмир Бесими, Муса Џафери, Фуркан Чако, Неждет Мустафа, Веле Самак, Бил Павлески, Џери Наумоф и Горан Мицковски.

Димитриев и за дополнителни министри ги предложи членовите на СДСМ, Кире Наумов (финансии), Љупчо Николовски (земјоделство) и Александар Кирацовски (информатичко општество). Дополнителните министри се дел од обврските од пржинскиот договор.

Заменик министер за одбрана останува Иљми Селами, Земри Ќамиљи во МВР, Билјана Бришкоска Бошковски во Министерството за правда, Драгана Кипријановска во МНР, Ардиан Џеладини во Министерството за финансии, Христијан Делев во Министерството за економија, Ванчо Костадиновски во Министерството за земјоделство, Јовица Андовски во Министерството за здравство, Спиро Ристовски во Министерството за образование и наука, Ибрахим Ибрахими во Министерството за труд и социјална политика, Љупчо Пренџов во Министерството за локална самоуправа, Драган Недељковиќ во Министерството за култура, Тимпо Муцунски во Министерството за информатичко општество и администрација, Ниметуља Хаљими во Министерството за транспорт и врски и Стево Темелковски во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Дополнителен заменик министер за внатрешни работи е Митко Чавков, дополнителен заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов, дополнителен заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски и дополнителен министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1