Кристина Курило е полесно повредена, а делот од пропелерот ѝ ги избил очилата од глава кога авионот удрил во пистата. Тројца други патници поминале со лесни повреди, а вистинско чудо е што никој од другите патници не е сериозно повреден.
Авионот на Ер Канада бил принуден итно да слета кога една гума се запалила на полетувањето во Калгари. При ударот на пистата тркалото се скршило и еден пропелер пролетал низ авионот.
Во авионот имало 70 патници и членови на екипажот.