Драма на пругата Скопје-Белград – овчар барал 100 евра во кеш за усмртената овца


Машиновозачот и патниците на меѓународниот воз 442 кој сообраќа на делницата Скопје-Белград доживеале невидена драма со овчар и неговото стадо во близина на Врање, Србија. Целата драма на меѓународната пруга траела околу два часа, сè додека не интервенирала полицијата

voz

Возот усмртил овца од стадото, па овчарот истрчал на пругата. За да не го прегази, машиновозачот ја запрел композицијата.

Го молел овчарот да се тргне од пругата, а тој не сакал да се помрдне додека машиновозачот или патниците не му дадат 100 евра за усмртената овца.

Го молеле, се договарале пола-пола да му платат само за да се тргнат тој и стадото од пругата, ама овчарот сакал веднаш на рака 100 евра. Бидејќи возот доцнел, на помош била повикана полицијта, која успеала да овозможи услови возот безбедно да продолжи кон Белград и Загреб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1