Дојранското Езеро се изли – ја „потопи“ градската плажа


Под вода е целата површина на градската плажа која се протега на центарот на Дојран на површина од 600 метри, до бетонскиот ѕид, состојба која дојранчани не ја виделе со децении, јави Гевгелија нет.

Dojran-9

Гевгелија нет

„Езерото како да си го наплаќа својот воден данок со годините на суша и намален водостој од пред 25 години. Со последните врнежи од дожд нивото на Дојранското Езеро ја надмина нулта котата, која е позиционирана на 144,93 метри надморска височина, а последните мерења покажуваат водено ниво од 145,4 метри надморска височина“, пишува порталот.

Под вода се и овоштарниците и нивите долж езерото, откако на подрачјето на Дојран наврнаа 150 литри дожд на метар квадратен.

Гевгелија нет

Гевгелија нет

– Само минатата недела во едно деноноќие евидентирани се 25 литри на квадрат. Поради тоа бележиме и пораст на нивото на езерото повеќе од десет сантиметри, а овој водостој е повисок и од просечниот за месец декември – вели Радмила Бојковска, раководителка на хидролошкото одделение во Управата за хидрометеоролошки работи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1