Драма над Лондон: Авион со 400 патници кружеше над Лондон – мораше да слета без едно тркало


Трансатлантскиот авион „Вирџин Атлантик“, кој полетал од лондонскиот аеродром „Гетвик“ и требало да патува до Лас Вегас, доживеа дефект на десното тркало за време на полетувањето и  кружеше над Англија додека техничарите да смислат начин за безбедно слетување.

avio-550x300

Авионот од типот „Боинг 747“ пренесува 400 патници. Веднаш по полетувањето го променил правецот и почнал да се враќа кон Лондон, откако пилотот забележал дека има дефект на десното тркало, со што во функсија останало само едно тркало, а на тој начин авионот не може да слета.

Сведоци изјавиле дека од непознати причини десното тркало откажало и сега авионот кружи се додека не го потроши целото гориво по што ќе биде приморан на принудно слетување кое секако е побезбедно доколку резервоарот на авионот е празен.

pilot-heroj-avion-london-sletal-02

“Боингот 747” на авио-компанијата “Virgin Atlantic” сигурно слетал на лондонскиот аеродром Гетвик откако некое време кружел над југоисточна Англија, бидејќи при полетувањето му откажала десната опрема за слетување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1