ДРАМА ВО АВИОН: Момче избезумено трчало, гризнало патник, па починало (Видео)


24-годишен маж починал откако „избезумено трчал“ и гризнал друг патник. Екипажот го опишал момчето како „екстремно насилно“.Ова се случило на летот од Лисабон до Даблин. Поради насилното однесување на патникот летот бил пренасочен и авионот слетал на аеродромот Корк. Патник на летот од Лисабон до Даблин одеднаш станал екстремно насилен, нападнал неколкумина други патнициaer lingus

Авионот во кој се случил инцидентот, од компанијата Ер Лингус. Откако бил совладан, човекот паднал во несвест. Тој наскоро го загубил пулсот и бил прогласен за мртов. Во авионот имало и лекар, но тој не можел да помогне.

Членовите на екипажот морале три пати да емитуваат итна порака за помош и ги известиле контролорите на воздушниот сообраќај за инцидентот, па предвреме слетале на аеродромот во Корк.

Телото на 24-годишникот е пренесено во Универзитетската болница во Корк за обдукција.

40-годишна жена што била на истиот лет е уапсена под сомневање за наркотици. Сè уште не е јасно дали двата случаи се поврзани.

Патникот патувал сам и веројатно студирал во Ирска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1