55-годишниот ловокрадец во градот Анаберг, стотина километри западно од Виена, убил двајца полицајци и возач на амбулантно возило, а потоа земал еден полицаец како заложник.
Според австриската телевизија ОРФ, полицијата веќе долго време му била во трагот на ловокрадецот и му подготвувала заседа. Меѓутоа, тој не само што ја избегнал заседата, туку и успеал да ги убие пред да се сокрие во шумата.
Полицијата веднаш започнала лов на убиецот кој се сокрил на својата фарма, на која има малолетни деца.
Вчера во близина на куќата на убиецот , било пронајдено и телото на третиот полицаец. Специјалците со оклопни возила и механизација ја обиколија куќата на убиецот.
Ловокрадецот , 55- годишниот Алојз Х. на крајот на потерата се самоубил со самозапалување, јавуваат медиумите.