Дојран се враќа на туристичката мапа – имаше најуспешна сезона во последните 10 години


ојран ја имаше најдобрата туристичка сезона во последните десет години. Зголеменото ниво на водата во езерото, збогатените содржини, поголемата промоција и подобрената организација во однос на претходните сезони направија повторно да се врати сликата од пред  еколошката катастофа. Првичните анализи на локалната самоуправа велат дека Дојран ова лето го посетиле над 120.000 туристи.

dojran500,, Уште гледаме дека има туристи во Дојран, а самото тоа кажува дека станува збор за една успешна и подолга туристичка сезона за разлика од претходните години. Веќе на крај можеме слободно да сумираме дека станува збор за една една од подобрите туристички сезони,, вели Борче Стамов – градоначалник на општина Дојран.

Еден од најзначајните проекти кој се реализираше во текот на оваа година беше категоризацијата на сместувачките капацитети. Со истиот се воведоа одредени стандарди со кои на туристите им се понудија многу подобри и поквалитетни услови, а општината доби појасна слика  за  бројот на сместувачките капацитети и легла во приватниот сектор.

И покрај најдобрите резултати досега, од локалната самоуправа велат дека во текот на сезоната лоцирале и голем број недостатоци , посебно во делот на плажите. Токму затоа уште од сега најавуваат интензивни активности кои ќе траат цела година со цел идната сезона да ја дочекаат многу поподготвени и со подобрени услови.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1