Драма во Белград: Авион на Туркиш ерлајнз принудно слета поради Ајпед без сопственик


Авион на Туркиш ерлајнс, кој лета од Истанбул за Лондон, принудно слета на аеродромот Никола Тесла поради сомнителен предмет. Проблем направил ајпед.turkish-airlines.jpg500

По слетувањето на авионот патниците се евакуирани и по порверката им беше дозволено да го продолжат летот кон Лондон. Контрадиверзивните екипи на српското МВР го прегледале авионот и се покажало дека наместо за бомба, се работи за таблет.

Имено, екипажот пронашол во авионот таблет за кој не се знаело чиј е, па пилотот одлучил принудно да слета од безбедносни причини.

Спорниот таблет е задржан во полиција. Првобитно, дојавата била дека се работи за бомба, бидејќи во авионот бил пронајден сомнителен предмет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1