14-годишно девојче било тешко повредено во сообраќајна несреќа во Бољевци, пишува српски Телеграф. На неа налетал автомобил, а девојчето на момент ја изгубило свеста.
Собраните мештани, вознемирени од тој настан, го претепале возачот на автомобилот, како и жената која била негов совозач.
Екипата од Итна помош го одвеле девојчето во Ургентен центар. Таа имала повреди на главата и била дезориентирана и не се сеќавала на моментот кога ја удрил автомобилот.
Возачот и жената која му била совозач, поради повредите кои им ги нанеле мештаните, докторите ги одвеле во Земунска болница.