Драма во Белград: Автомобил удрил девојче, минувачите го претепале возачот и неговиот совозач


14-годишно девојче  било тешко повредено во сообраќајна несреќа во Бољевци, пишува српски Телеграф. На неа налетал автомобил, а девојчето на момент ја изгубило свеста.policija srbija soobrakjaka

Собраните мештани, вознемирени од тој настан, го претепале возачот на автомобилот, како и жената која била негов совозач.

Екипата од Итна помош го одвеле девојчето во Ургентен центар. Таа имала повреди на главата и била дезориентирана и не се сеќавала на моментот кога ја удрил автомобилот.

Возачот и жената која му била совозач, поради повредите кои им ги нанеле мештаните, докторите ги одвеле во Земунска болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1