Драма во Босна: Бремена жена со две деца три дена лутала низ шума


Селото Старина кај Жепча во кое живеело семејството Карахасановиќ речиси целото е уништено од свлечиште, па селаните меѓи кои и Карахасановиќи се нашле во збегови.

spasavanje-trudnice-foto-dnevni-avaz-1400665091-501661Промрзнатите очајници ги забележала спасувачка екипа. Вооружените сили кои со хеликоптери ги надлетувале областите ги превезле во прифатниот центар во касарната во Зеница.

Назрета низ солзи раскажува како земјата се отворила на 20-метри над нивните куќи и го проголтала речиси цело село, а тоа што не го поклопила се искршило како кула од карти. Несреќниците немале каде – сите патишта се претвориле во мочурливи езера.

Бремената Хазрета и нејзините две деца заедно со 150 мештани се нашле во збегот. Ноќите им биле најтешки. Среќа во несреќа е што нашле овчарска колиба па внатре ги сместиле бебињата, а возрасните спиеле на отворено.

-Реката минува низ село кое е сместено на два рида. Сега после свлечиштето реката повеќе ја нема, се претвори во големо езеро кое го подели селото на два дела. Кога земјата ги затрупа првите куќи, почнавме да бегаме кон шумата горе. Ништо не зедовме со себе – раскажува Хазрета.

Мажите останале во село и јавуваат дека се мали шанските за враќање.

-Во селото се занимаваме со сточарство, а целата стока моравме да ја пуштиме за да не настрада во свлечиштето. Неодамна ние купивме крава за 2.800 конвертибилни марки, а сега е некаде во планините. Исто така водата во селото е загадена, вели Хазрета.

Најмладите тешко ја поднесуваат ситуацијата. Психолог се обидува да му помогне на 13-годишниот син на Хазрета бидејќи момчето доживеало шок и со денови не зборувало.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1