Неколку деца се повредени при пад од рингишпил во Посушје, БиХ, а несреќата се случила синоќа во текот на одржувањето на манифестацијата „Илијино брдо“.
Како што наведуваат медиумите, во моментот на падот на рингишпилот имало десетина деца.
Меѓутоа, за среќа никој не е потошко повреден.
Сите повредени деца со возила на итна помош се префрлени во Здравствениот дом во Посушје, а потоа и во болницата во Мостар.
Според неофицијалните информнации главно станува збор за гребаници, нагмечувања и скршеници.
Причината за падот на рингишпилот не е позната.