И.М (46) влегол во станот на својот сосед и го избодел со нож пред очите на неговата сопруга и мајка.
Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил вчера околу 13:40 часот, кога бесниот И.М. влегол во станот на неговиот сосед Ш.У. и физички го нападнал пред неговата сопруга и мајка. Во еден момент насилникот земал нож и го зарил во раката на Ш.У.
Повредениот скопјанец веднаш бил пренесен во болницата „Св.Наум Охридски“, каде е задржан на понатамошно лекување.
Напаѓачот бил приведен и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.