Драма во домот на познатата пејачка: Манијак ја нападнал со нож додека спиела


Британската пејачка Лили Ален откри дека манијак ја следел седум години и дека на крајот за малку ќе ја убиел во нејзината куќа.

Манијакот Алекс Греј бил опседнат со пејачката и цели седум години и оставал пораки, и испраќал твитови и се заканувал дека ќе си го одземе животот поради неа.lili alen

Сето тоа го достигнало врвот кога среде ноќ влегол во нејзината куќа и се обидел да ја убие со нож додека спиела, пишува Индепендент.

Ален, опишувајќи ја таа ноќ, се потсетува дека била дома со нејзините две деца и дека ја разбудило тропањето по ѕидот.

– Седнав на креветот и видов како се отвора вратата. Човекот влезе во собата, не знаев кој е тој. Го повлече покривачот од мене, ми зборуваше дека сум глупава и прашуваше каде е неговиот татко, наведе пејачката.

Напаѓачот имал нож во јакната, по што подоцна на полицијата и потврдил дека планирал да и го избоде лицето на Ален.

Пејачката ја спасило тоа што во нејзината куќа била и една нејзина пријателка, која успеала да го избрка напаѓачот.

Ален вели дека е разочарана од реакцијата на полицијата која не ги сфаќала сериозно заканите на напаѓачот и не ја советувала како да се заштити себе си и децата. Сепак, таа не поднесе тужба против напаѓачот сметајќи дека е психички болен и дека системот е тој кој ја изневерил.

Таа откри дека нападот и го променил животот.

– Почнав да се сомневем во се, имам проблеми со довербата. Тоа влијаеше на моите врски, на се. Практично сега сум самотник, ијзави Ален за весникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1