Шеснаесет годишно девојче од Гостивар вчера вечерта била донесена на Ургентното одделение во гостиварската болница откако се затрула со неутврдена количина средство за хигиена „Доместос“.
-Девојката, која била во неконтактибилна состојба, половина час пред тоа во својот дом испила вакво средство и поради влошената здравствена состојба, а по укажаната лекарска помош, со медицинско возило итно е префрлена на скопските клиники, информираат од СВР Тетово.
Полицијата ги расветлува сите поединости поврзани со труењето – дали сама го испила средството или некој ја наговорил или и го подметнал, односно дали станува збор за обид за самоубиство или нешто друго.
Годинава, на поширокото Полошко подрачје вкупно регистрирани се 17 обиди за самоубиство, од кои 10 во првото тримесечие, во најголем број труења со таблети (седативи), алкохол и со хемиски средства, како и 3 самоубиства, од кои 2 биле извршени со употреба на огнено оружје и 1 со бесење.