Аеродромот Храброво во Калининград беше затворен до 10 часот утрово од технички причини, поради принудно слетување на авионот А320, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации за калининградските области.
Во вторникот вечерта дошло до инцидент кога авионот кој сообраќал на релација Москва-Калининград за време на слетувањето излетал од пистата. Во авионот се наоѓале 7 членови на екипажот и 167 патници. На тројца патници им била пружена лекарска помош.
Аеродромот работи со посебен режим. Отворен ќе биде секој ден од шест наутро до 23 часот и затворен за ноќни летови поради реконструкција на пистата.