Спасувачките служби на Нов Зеланд со помош на брод и хеликоптер се мобилизирани и треба да ја почнат евакуацијата на околу илјада туристи.
Тие се блокирани во подрачјето кое беше погодено од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер во кој две лица загинаа и била причинета голема штета.
Брод на новозеландската морнарица испловил од Оукленд и требал во средата наутро по локално време да стигне во Каикоуру, регион во Јужниот остров за да евакуира 500 туристи, пренесува „Хина“.
Силните одрони кои ги предизвика земјотресот ги пресекоа патните правци и железничката пруга до градот Каикоура, каде што се засолниле стотина лица. Тука се затекнале меѓу 600 и 1.000 туристи, главно странци кои дошле да гледаат китови.
Во евакуациите ќе учестуваат четири воени хеликоптери, авион „Херкулес Ц-103“ како и педесетина цивилни хеликоптери.