Поради закана дека ќе ја запали сопствената куќа, од страна на полициски екипи и возила на Противпожарната единица од Охрид, опколена е приватна куќа на наркозависник во селото Лешани, пишува Охридњуз.
Охридњуз објавува дека лицето е познат наркозависник кој и претходно упатувал слични закани.
Обновено –
Неколкучасовната драма во охридското село Лешани заврши – лицето кое сакаше да ја запали својата куќа е приведено и однесено на невропсихијатрија во Охрид.
Поради закана дека ќе ја запали сопствената куќа, од страна на полициски екипи и возила на Противпожарната единица од Охрид, попладнево била опколена приватна куќа на наркозависник во селото Лешани.