Во тек е евакуација на десет села во околината на Шабац. Надлежните апелираат дека најпрво ќе се евакуираат децата и жените, за мажите да може да помогнат при евакуацијата
Шефот на градскиот штаб за одбрана од поплавите генерал Љубиша Диковиќ наредил итна евакуација на жителите на десетина села на десниот брег на Сава, кај Шабац.
-Не можам да сфатам, зарем три дена поминати надвор од куќата се помалку вредни од животот. Водостојот на Сава да е понисок, да е на 590 сантиметри, нема да наредам евакуација, изјавил Диковиќ.
Тој наведува дека нивото на водата се намалува, но тоа не значи дека опасноста поминала.
-Бедемите се полни со вода и постои реална опасност дека ќе дојде до пробивање. Синоќа имавме исклучително тешка ситуација кај Чеврнтије, кои 500 војници успешно ја санираа и спречија водата да се излие и да направи катастрофа, вели генерал Диковиќ.
Тој на жителите на селата кои се на списокот за евакуација и порача ако не веруваат толку е сериозна состојбата, сами да појдат до бедемите и да видат колку пропуштаат.
Насипот почна да попушта и постои сериозна опасност од пробивање на водата на неколку места. Првите знаци за предупредување се дека во долниот дел од насипот се појавила вода која создава кал, па поради тоа и самиот насип не е безбеден.
Војниците и полицајците веќе започнале со евакуацијата, но жителите не сакаат да ги напуштата своите куќи. Диковиќ, како што пишуваат српските медиуми, лично ги молел и им наредувал на граѓаните да ги напуштат домовите за да ги спасат животите.