Драма во ОУ „11 Октомври“: Директорката не си оди – за малку ќе ја линчуваа (Видео)


Драма во основното училиште 11 Октомври. Досегашната директорка Даниела Костадинова одби да ја напушти фунцијата и да ја напушти канцеларијата , по именувањето нов прв човек на ова училиште од страна на советот на родители.

Фото - Курир.мк

Фото – Курир.мк

Ситуацијата кулминираше во моментот кога во просторијата на Костадинова влегоа група родители, за кои медиуми тврдат дека се симпатизери на СДСМ кои сакале да исценираат скандал. Од неа побараа конечно да си замине од училиштето, бидејќи како што рекоа во изминатите неколку години континуирано го уништувала неговиот углед и квалитет. Таа ги обвини за партиска обоеност. Тие насилно влегоа во канцеларијата каде таа работеше и со грди зборови, дрски навреди, пцовки, па и закани ја нападнаа директорката.

Со решение на Државната комисија, потврдено е дека градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, спротивно на закон ја разрешил директорката. Како партиската одлука на Жерновски да не беше доволно скандалозна, дваесетина родители од училиштето, инаку активисти на СДСМ, направија обид за линч во училиштето, пишува Курир.мк кој објави и видео од инцидентот

Откако директорката им посочи дека обвинувањата не им се основани, родителите почнаа да ја навредуваат уште подрско.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1