Драма во Прилеп: Снаа со камeња мавала кон свекрвата, ја погодила 3 годишната ќерка


Вистинска драма, во која настрада три годишно девојче, се случувалоа вчера во викендичка во прилепско. Снаата со камења и цигли мавала кон свекрвата, но наместо неа, ја погодила ќерка си.
kamen vo rakaСпоред информациите од Министерството за внатрешни работи вчера во утринските часови се случила семејна трагедија во дворот на викендичката во местото викано Џумушница во Прилеп.
Свекрвата, 62-годишната Л.Ј. се расправала со снаата за син, 32-годишната А.Ј. Во еден  момент расправијата толку се разгорила што снаата почнала со камења и ќерамиди  и се’ што ќе и дојде при рака да ја мава свекрвата. Но, наместо неа, бекатон плочата ја погодила нејзината тригодишна ќерка.
Малото девојче било пренесено во болницата во Прилеп, од каде, поради сериозноста на повредите е пренесено на Ургентниот центар во Скопје.
netpress

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1