Драма во семејството на Чарли Шин: Поранешната сопруга хоспитализирана, децата пронајдени


Американската полиција ја заврши потрагата по седумгодишните синови на актерот Чарли Шин и на неговата поранешна сопруга Брук Милер. Во вторникот вечер е пријавено дека децата „исчезнале“, недолго по инцидентот што го направила Брук Милер во еден ресторан во Солт Лејк Сити.67082329

Порталот ТМЗ пишува дека Брук босонога и „изгубена“, влетала во еден ресторан со децата, а со нив била и бебиситерката на момчињата. Брук барала цигари од гостите во ресторанот, а потоа дури и физички се пресметала со бебиситерката. Според една верзија, додека таа се тепала децата исчезнале, според друга, Брук и дечињата по инцидентот во ресторанот биле видени на неколку места во градот, додека барала преноќишта по мотелите. ТМЗ ја пренесува изјавата на неименуван маж кој рано наутро ја видел Брук пред една перална, како и дека и се спротивставил, бидејќи слушнал како им вреска на децата.

– Децата седеа во автомобилот, беа во пижами и не носеа ниту чорапи ни чевли. Ми рекоа: „Немојте да викате полиција, ќе ја уапсат мама“ – рекол мажот.

Неименуваниот маж, сепак, повикал полиција, откако таа се изгубила во непознат правец. ТМЗ пишува дека полицијата ја контактирала Брук и дека „таа и децата се на сигурно, и дека потрагата е стопирана“.

Брук Милер од почетокот на оваа година се наоѓа на рехабилитација и посетува една институција во Солт Лејк Сити поради што и се преселила во овој град од Лос Анџелес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1