Нови детали: Леонард Коен починал во сон, после незгода


Менаџерот на покојниот Леонард Коен излезе со нови детали за смртта на канадскиот поет и музичар. Коен, според изјавата на менаџерот Роберт Кори, починал во сон откако претходно паднал во текот на ноќта, во неговата куќа во Лос Анџелес.

Кори додал дека смртта на Коен била „неочекувана и спокојна“. Во изјавата стоело и дека легендарниот музичар починал на 7-ми ноември, три дена пред да биде јавно објавена информацијата за неговата смрт. Леонард Коен имаше 82 години.img_0733_2-590x900

Музичарот беше погребан на 10 ноември во Монтреал.

„Во присуство на најблиските членови на семејството и неколку блиски пријатели, погребан е во едноставен ковчег од бор, покрај своите родители“, напишал синот на Леонард Коен, Адам Коен.

На церемонијата била пуштена песната „You Want it Darker“ од последниот албум.

Влијателниот канадски музичар го разубавуваше светот со својата музика цели пет децении. Минатиот месец го објави својот последен, 14-ти, студиски албум.

Раните песни на Коен се под влијание на европските фолклорни мелодии и инструментации и се испеани со специфичен висок баритонски глас. 70-те се период во кој неговата музика ќе остави длабок печат врз развојот на поп музиката, кабаретскиот стил и светската музика, притоа останувајќи исклучително оригинална и некомерцијална. Од 80-те Леонард Коен во интерпретација на своите песни користи многу подлабок бас-баритон глас, најчесто придружен од синтисајзер и женски вокален хор. Неговото творештво најчесто ја истражуваше религијата, осаменоста, сексуалноста, како и сложените меѓучовечки односни.

Музиката и поезијата на Коен имаа влијание врз многу уметници. Забележани се повеќе од илјада препеви и преработки на неговото творештво. Тој е член на „Куќата на славните канадски музичари“, како и „Куќата на славните канадски текстописци“. Носител е на медалот „Редот на Канада“, највисоко признание што може да го добие еден Канаѓанин. На 10 март 2008, Леонард Коен беше примен во „Рокенрол куќата на славните“, заради неговиот статус на најголем и највилјателен во ешалонот на текстописците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1