Драма во скопски бутик: Од љубовна врска до закана со ножици


Вчера во 20,30 часот во полициската станица Центар, 28- годишната А.Л. од Скопје, пријавила дека вчера околу 15,30 часот во Скопје на улица „Владимир Полежановски“, поточно во бутик, откако заедно со нејзината сестра отишле во бутикот со намера да разговараат со 46- годишниот Б.Ѓ. од Скопје, во врска со прекината љубовна врска со нејзината сестра, истата откако му кажала дека ќе ја извести неговата фамилија за љубовната врска, Б.Ѓ. станал агресивен и од фиока од бирото земал ножици и се нафрлил кон пријавителката.policija kapi

Во истиот момент помеѓу нив застанала сестрата и го оттурнала Б.Ѓ. кон тоалетот, додека А.Л. излегла од бутикот и го пријавила случајот во полиција.

Додека истата била надвор пред бутикот Б.Ѓ. излегол по неа и почнал да и се заканува по животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1