Драма во Тетово: Реџепи пукал во полициските Тигри и побегнал


Тетовецот Јетон Реџепи викан Лапи (34) успешно избегнал заседа на полициските „тигри“ пукајќи кон полицајците, завчера во Тетово, информира МВР. Реџепи, кој е опасен криминалец, осуден за убиство, избегал од затворот во Штип во декември 2012 година од кога е во бегство. Тој бил лоциран од полицијата и лани во октомври во близината на Тетово, но и тогаш по престрелката со полицајците успеал да избега.

policija akcija 22

Од МВР соопштуваат дека инцидентот се случил во неделата околу 3 часот на улицата Благоја Тоска во Тетово. Полицијата добила информации каде се крие бегалецот, па ги ангажирала припадниците на Единицата за специјални задачи. Тие требало да го уапсат Реџепи кој се барал со потерница за издржување казна затвор и да го спроведат во затворот во Штип.

Осуденикот успеал да ги забележи специјалците и со пиштол испукал два куршума кон нив по што избегал во непознат правец. Од МВР информираат дека увид извршила увидна екипа на СВР – Тетово, при што е утврдено дека куршумите искршиле прозорски стакла на зграда, на чија фасада исто така има оштетувања од пукањето. Форензичарите пронашле и два патрона со калибар 7,62 милиметри, кои се предадени за вештачење. Од МВР нема други детали за полициската акција.

Реџепи, кој е од тетовско Ларце, со уште две лица беше осуден во отсуство на 12 години затвор за грабнувањето и убиството на тетовецот Фатмир Лика(31) во 2002 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1