Драма во тетовското Ларце: Полицијата застрела лице, кое врз нив фрлило рачна бомба


Во тетовското село Ларце, рано утринава припадници на Министерството за внатрешни работи по претходно изготвен план, презеле мерки и активности за лишување од слобода на Ј.Р. (38) од истото село, кој вил баран по меѓународна и централни потерници за издржување вкупна казна затвор во траење од 26 години и 10 месеци.

МВР наведува дека станувало збор за лице против кое во периодот од 2000 до 2016 година до ОЈО Тетово и ОЈО Скопје биле поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела меѓу кои кривични дела: “убиство“, “убиство во обид“, “грабнување“, “противправно лишување од слобода“, “недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“, како и кривични дела – “тешка кражба“, “разбојничка кражба“, “одземање на моторно возило “, “тешка телесна повреда“ и “учество во тепачка“.

Во периодот кога Ј.Р. се наоѓал во бегство, во четири наврати од страна на полициски службеници направени се обиди истиот да се лиши од слобода, меѓутоа во сите случаи истиот пружил активен отпор со употреба на различни видови на оружје кон полициските службеници, наведува МВР во соопштение.

Со оглед на сознанијата и безбедносните проценки, дека Ј.Р. претставува безбедносна и сериозна закана по животот на граѓаните и за полициските службеници, подготвен е посебен план за негово лишување од слобода и приведување.

Денеска, во раните утрински часови, во куќата на Ј.Р. во селото Ларце, при преземање на мерки за негово лишување од слобода, тој фрлил рачна бомба кон полициските службеници, а потоа се дал во бегство, облечен во панцирен елек, вооружен со автоматска пушка со три рамки со куршуми за автоматска пушка, со карабин, пиштол марка ТТ 7.62 со рамка куршуми и четири рачни бомби. При повторниот обид за негово лишување од слобода на околу 200 метри од неговата куќа, лицето повторно отворило оган кон полициските службеници пукало, притоа повторно обидувајќи се да фрли и рачна бомба кон нив, по што е возвратено и лицето е лишено од живот.

На местото на настанот во тек е увид од Јавен обвинител од ОЈО Тетово, увидна екипа од СВР Тетово, лекар по судска медицина и стручни служби од Министерството за внатрешни работи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1