Во Војводина и вечра, продолжи спасувачката операција за извлекување на патници завеани во навевите од снег. евакуирани се 700 луѓе, а се очекува утринава да бидат спасени и преостанатите.
Најтешката и најголема операција се одвиваше кај местото Фекетич во Бачка каде на автопат беа завеани двесте возила.
Во акцијата кај Фекетич, која според српските медиуми е драматична, се вклучија и неколку министри на чело со првиот вицепремиер Александар Вучиќ.
Камерите го снимија Вучиќ како спасува едно дете и на раце го носи по виулицата трчајќи низ снегот.