Според последните информации, од судницата се слушнале неколку истрели, но сеуште не се знае дали некој е повреден.
Припадниците на левичарскиот „Револуционерен народноослободителен фронт“ го заробиле обвинителот Мехмет Селим Кираз во судницата во Истамбул.
Се претпоставува дека причината за ваквиот инцидент е поврзан со убиството на Беркин Елван, чив случај го водел обвинителот Кираз.
Во меѓувреме киднаперите на Твитер објавиле фотографии од маскиран напаѓач кој на обвинителот му вперува пиштол во глава.
Според некои информации, киднаперите му дале рок на обвинителот до 15:36 часот да ги исполни нивните барања: полициски службеници во живо на телевизиски пренос да го признаат убиството на Беркин Елван, потоа да има судење за виновниците на „народен суд“, како и ослободување од пресудата за сите уапсени на маршот за солидарност за Елван.
Се водат преговори со две лица кои го киднапираа обвинителот Мехмет Сели Кираз во суд во Истанбул, изјави шефот на полицијата во Истанбул Селјами Алтинок.
Членови на турската левичарска група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување, денеска го зедоа како заложник Кираз кој е обвинител за делото за убиството на тинејџерот Беркин Елван при протестите во паркот Гези во 2013 година.
– Правиме напори да нема жртви при решавањето на кризата, изјави Алтинок за НТВ.
Членовите на Револуционерната партија се заканија дека ќе го убијат Кираз ако турските власти не исполнат нивни барања. Таа група е пргласена за терористичка од Турција, ЕУ и САД откако презеде одговорност за убиства и бомбашки напади во Турција во 70-те години од минатиот век.