Драма за живот во ГТЦ во Скопје – скопјани спасија човек


За среќа, кога му се слошило, човекот не бил сам и првиот кој забележал дека нешто не е во ред бил неговиот брат со кој заедно седеле на маса. Тој викнал за помош и веднаш притрчале вработените во скопското кафуле, но и случаен минувач кој му го спасил животот пишува Вечер

gtc brza pomosОбичното попладневно кафе за малку ќе станеше трагедија да не беше хуманоста, присебноста и молскавичната реакција на вработените во Ирскиот паб во скопскиот ГТЦ и на случајни минувачи кои вчера за влакно му го спасија животот на човек кој за малку ќе го голтнеше јазикот.

За среќа, кога му се слошило, човекот не бил сам и првиот кој забележал дека нешто не е во ред бил неговиот брат со кој заедно седеле на маса. Тој викнал за помош и веднаш притрчале вработените во скопското кафуле.

Прва стрчала вработената која го видела целиот призор.
– Слушнав машки глас како панично викна “помош” и веднаш знаев дека нешто не е добро, се стрчав и што да видам, човекот паднат на земја помодрен и се гуши. Почна да ме фаќа паника, но успеав да останам при себе, дојдов над него и го свртевме на страна. Моите колеги веднаш се јавија на брза помош, а јас силно викав кон другите што беа тука за да му помогнеме дека ако не реагираме готово е. Така свртен, го фатив за вилица, видов дека му е укочена, му ставивме раце во уста за да не го голтне јазикот, почнавме да му ги масираме екстремитетите за циркулација и постојано му зборевме да не се плаши, дека сме со него. Многу се испашив , ама за среќа успеавме да помогнеме колку можеме додека дојде брза помош, ни изјави девојката која работи во кафулето.

Брзата помош пристигна релативно брзо, за околу 15 минути, и лицето беше пренесено на натамошен третман во најблиската болница.

Вечер 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1