Залудни беа обидите на човекот да се одбрани од подивеното животно кое го бодеше со роговите.
Во еден миг бикот на трката нападна еден од луѓето кои трчаа околу него и почна да го боде со роговите.Луѓето кои се најдоа таму се обидоа да го оттргнат бикот влечејќи го за опашката.
Во еден миг бикот го надена човекот на роговите и го отфрли во воздух неколку метри. Потоа човекот избега.Сепак, како што јавуваат локални медиуми, нападнатиот 54-годишен локален жител на Кастелон во болница им подлегнал на повредите.
Најмалку еден човек го загуби животот во трка со бикови што се одржа во рамките на фестивал во шпанскиот град Кастелон.