Италијанските спасувачки екипи извлекоа двајца од тројцата браќа кои беа затрупани под остатоците од куќата што се распадна на италијанскиот остров Исксија, по земјотресот со јачина од 4 степени, кој се случи синоќа.
Третиот брат е пронајден и спасувачките тимови дојдоа кај него. Еден од браќата е седуммесечно бебе.
Досега се пријавени два смртни случаи во земјотресот, јави ДПА, додека најмалку 39 лица се повредени.