Грижа, мир, хармонија и благосостојба се квалитети кои и недостасуваат на денешниот свет во кој е доминантна машката енергија. Меѓутоа, древните пророштва тврдат дека ќе дојде време на владеење на женската енергија..
Жените кои сакаат да бидат еднакви со мажите немаат сопствени амбиции, изјавил еднаш американскиот писател, психолог и активист Тимоти Лири. На таква изјава го навеле бројни движења кои настанале во втората половина на дваесетиот век кои ги поддржувале жените во процесот на освестување и зајакнување на нивните улоги во друштвото. Многу од тие движења настојуваат тоа да го остварат со изедначување на жените со мажите во сите сегменти, застапувајќи став како разликите помеѓу половите всушност се научни и дека тие суштински не постојат.
Меѓутоа, со таков став, како и со тоа што активистките изразуваат сомнежи во вредноста на автентичните женски квалитети, жените не стануваат посилни туку напротив, допринесуваат и понатамошно поттиснување на нашата женственост.
Иако некои разлики навистина ни се всадени со воспитувањето, многу сепак се вродени. Тие не се само биолошки, туку се одразуваат и во начинот на размислувањето и доживувањето на светот, начиниот на кој се поставуваме спрема животните предизвици и во многу други сегменти. Тие разлики не ги претставуваат нашите слабости од кои треба да се срамиме или да ги отфрлиме. Напротив, всушност во нив се крие и нашата сила. Тие во се внесуваат динамика, без нив животот не би бил возможен. Тој всушност настанува единствено кога машката и женската енергија дејствуваат заедно, па затоа женската енергија, токму таква каква што е, е совршена и незаменлива.
За разлика од машкиот принцип, кој е многу насочен и сите бариери на патот до целта ги руши како оган, брзо и силно, женската енергија многу вешто ги избегнува. Таа дејствува како вода. И треба време да почне да се движи, но кога дејствува е блага и прилагодлива и затоа со леснотија го наоѓа патот до целта, а притоа никој да не повреди. Поради своите способности да другите луѓе го почувствуваат на најдлабоко ниво жените и интуитивно знаат кога е , на пример, е вистинското време за изложување на некои идеи, како да ги претстават да бидат на сите прифатливи или пак како нешто непријатно да го изложат на конструктивен начин.
Токму поради тоа жените многу полесно ќе ги освојуваат симпатиите на другите, полесно ќе се поврзат со луѓето, а со самото тоа многу полесно ќе добиваат поддршка од другите. Тие често знаат што мислат другите, а тоа да не го ни кажат, ќе почувствуваат кога некој ги лаже или кога нешто околу нив не е како што треба. Тие информации кои ги фаќаат мирно со своите пет сетила, им помогнуваат да донесат исправни одлуки или да се поштедат себе и другите од бројни проблеми и непријатности.