10 годишни деца се зависници од дрога во Македонија


Дваесет деца на осум, девет, 10 и 12-годишна возраст се регистрирани како нови зависници од дроги лани во земјава, откри Миле Гиновски, претседател на Државниот совет за превенција на детско престапништво, кој го презентираше Извештајот за состојбите во областа на правата на децата и малолетничкото престапништво во 2013 година пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. spricevi i igli

Тој апелираше институциите сериозно да се зафатат со овој проблем за да се спречи злоупотребата на дроги меѓу малолетниците.

Според неговиот извештај, во 2013 година, во споредба со 2012 година, се бележи пораст на бројот на малолетници кои дошле во судир со законот од 90 отсто на ниво на држава. Најалармантна е ситуацијата во Велешко, каде според податоците на СВР Велес, е констатиран пораст на поднесени кривични пријави за малолетни престапници за 106 отсто и на подрачјето на СВР Скопје каде оваа стапка е зголемена за 65 отсто во споредба со минатата година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1