Може да шират зарази: Мачиња и кучиња слободно си шетаат во отпадот од Инфективна


Граѓаните кои поминуваат покрај Клиниката за инфективни болести во Скопје секојдневно гледаат мачиња или кучиња кои бараат храна во необезбедените и отворени контејнери наменети за медицински отпад од оваа клиника.

На оваа клиника се лекуваат и пациенти заболени и од заразни и неизлечиви болести како што се ХИВ и СИДА, хепатитис Ц, но и жолтица и листерија.115

Екипа на Плусинфо вчера без никаков проблем успеа да влезе и да фотографира улично маче како бара храна во контаминираниот отпад од Инфективна. Цели 40 минути, ниту еден од надлежните во оваа клиника, ниту пак на некој од „Заеднички служби“ која ги опслужува сите 32 клиники во центарот „Мајка Тереза“ не дојде да ги затвори ширум отворените врати од кафезот со контејнерите.113

Граѓаните, згрозени од глетката, велат:

– После министерот за здравство да не се чуди како среде лето се шират заразни болести. Дете ќе ја погали мачката и толку треба.

Трагајќи кој е надлежен за справување со опасниот отпад од Инфективна, дојдовме до сознание дека контејнерите со медицински отпад се празнат само во вечерните часови. Задолжени за затворање на кафезот се од Клиниката, а како што велат од „Комунална хигиена“ која ги празни контејнерите, според Правилникот, пропишана е казна за секој кој ќе заборави да ја затвори вратата и да ја заклучи.

Плус Инфо111

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1