Дрога, вештерки, мафија – Што се случило со семејството кое мистериозно исчезна во шума?


Пет години по исчезнувweето на Боби Џејмсон, Шерлин Џејмсон и нивната 3-годишна ќерка Медисон, овој случај се’ уште е вистинска мистерија. Пред четири години биле пронајдени нивните остатоци од костурите, на планина во Оклахома, наредени едни крај други, со лицето кон земјата.

Листата на причини зошто некој би го убил семејството Џејмсон е долга. Некои го поврзуваат со вештерки, други со расизам, дрога, мексиканската мафија, лабораторија за метамфетамин…Полицијата соопштила дека за сега ништо не може да елиминира.

jameson“Нема шанси да залутале и да се загубиле. Претпоставувам дека виделе нешто што не требало и платиле со животот”, навеле нивните пријатели

Семејството на тој кобен ден патувало на планината Санс Боис, бидејќи сакале да купат земјиште и да почнат да живеат во природа. Следниот ден веќе исчезнале, а по осум дена бил пронајден камион во кој имало 32.000 долари, како и нивните лични работи, односно телефони, паричници…Во близина било пронајдено и нивното куче, кое било на работ на прегладнување.

Семејниот свештеник за полицијата дал шокантна изјава за време на истрагата, кога кажал дека Боби и Шерлин му рекле дека во својата куќа гледале духови. Шерлин тврдела дека станувало збор за далечен предок, кој често разговарал со нивната ќерка Медисон.

Боби дури и прашал како да ги убие духовите. Во нивната куќа кратко по исчезнувањето била пронајдена и “вештерска библија”.

Посебно шокирала пораката напишана на ѕидот од куќата, каде што пишувало “До сега ни убија три мачки. Вештерките не сакаат кога се убиени нивните црни мачки”. Пораката ја објаснила пријателка на семејството, Ники, која вели дека таа и Шерлин биле заинтересирани за вештерството и дека пораката ја напишале за да ги заплашат соседите.

Според нејзините зборови, куќата навистина била проколната и во неа се чувствувало нечие присуство, а книгата ја купиле заедно, повеќе поради забава.

На снимките од безбедносните камери се гледа како на денот на пакувањето се однесуваат многу чудно, како во состојба на транс. Забрзано ги ставале работите во камионот, а цело време не изустиле ниеден збор. На основа на тоа однесување дошла и претпоставката дека биле на некои наркотици.

Меѓу теориите се појавува и поврзаноста на таткото на Ширлин со мексиканската мафија. Исчезнатото семејство не разговарало со него, но тој бил познат како опасен човек, кој бил многу богат.

На планината на која планирале да живеат имало доста лаборатории во кои се правел метамфетамин, па се претпоставува дека виделе нешто што не требало.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1