Двајца браќа од Канзас на лотарија освоиле 75.000 долари. Сакале да прослават но случајно ја кренле во воздух сопствената куќа. За среќа никој не бил повреден иако куќата била полна со гости.
Експлозијата се случила кога еден од браќата отишол во кујната да ги наполни запалките на бутан, со кои ги палеле “Бонгите” стаклено наргиле за конзумирање дрога.
Воздухот се исполнил со испарувања кои дошле во контакт со искрата за палење на шпоретот на гас, и се случила експлозија.
Еден од браќата заврши во болница со изгореници од втор степен, додека другиот бил уапсен поради поседување на дрога, полицијата нашла во домот марихуана и метамфетамин.