Човекот кој го спасил светот од нуклеарна војна конечно по 30 год доби признание (Видео)


Русинот Станислав Петров, во 1983-тата година не ја послушал наредбата од својот претпоставен и не ги истрелал нуклеарните ракети кога компјутерот му покажал дека Москва е нападната од Америка.
C9FB561AEA3AE345A44FFFDDD9EBC3D9Сакајќи да ја сокријат целата приказна околу “студената војна“ меѓу Америка и СССР, воените лица ги сокриваат приказните за хероите, за вистинските херои кои со мали дела го спасија големиот свет.
На советскиот офицер, кој го спаси светот, минатата недела му беше врачена Дрезденската награда за мир.

Неговиот потег, кој всушност го спасил светот, подоцна бил прикриен, но овие денови тој во Германија ја доби Дрезденската награда за мир.

Станислав Петров, 74-годишен пензиониран полковник на руската војска, можеби никогаш немал да стане познат доколку не направил нешто што го спасило светот – спречил глобална нуклеарна војна.

На 26-ти септември 1983-тата година, компјутерите во Командниот Центар “Око” го огласиле алармот, според кој, САД кон Москва испратил 5 ракети со нуклеарни бомби на себе. До ударот се броеле минути.

Stanislav“Никогаш не помислував дека можам да се најдам во таква ситуација, иако бевме сигурни дека Американците може да не нападнат, и само беше прашање на време кога тоа ќе се случи. Ледената војна во тоа време беше најладна”, вели Петров, кој според протоколот требал да возврати со нуклеарни ракети во правец на САД, но не го сторил тоа.

“Не сакав да ги активирам ракетите, беше јасно дека тоа ќе биде крај на светот”, вели Петров кој се одлучил да почека. “Во такви ситуации не можете рационално да размислувате, нема многу време, се потпирате на вашиот инстинкт. А мојот ми говореше дека нешто не е во ред.

Две работи ми паднаа на памет. Пред се, компјутерот покажуваше дека кон нас летаат пет проектили истрелани од една база. Нападот на Американците сигурно не би бил ограничен на само 5 ракети. И друго, компјутерот нема мозок, и може погрешно да ги разбере сигналите за нуклеарни ракети”, вели Петров, кој одлучил да ризикува и да чека удар. Но, тоа не се случило. Иако компјутерите покажувале дека Москва е погодена, удар сепак немало.

19F706CF73D3BF45A7FDBDEFCEA92CC3Петров го пријавил инцидентот, а истрагата покажала дека рускиот сателит лошо ги прочитал податоците.

Иако целиот настан бил прикриен, а Петров пратен во пензија, приказната набрзо стигнала до јавноста.

Благодарение на тоа, Петров пред неколку дена ја добил Дрезденската награда за мир, како човек кој го спасил светот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1