„Другата страна на политиката“ ја објави поканата до Пендаровски


„Другата страна на политиката“ по заедничкото интервју со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река во кое не учествуваше Стево Пендаровски објави демант дека третиот учесник на претседателските избори не бил повикан.

– Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката. Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати. На крајот истакнуваме дека и покрај се, ние сме отворени за соработка, а поканата за креативна средба со професорот Стево Пендаровски сеуште е отворена, велат од таму, пренесе Фактор.

Ова следи откако Пендаровски реагираше на Твитер дека не бил поканет.

„Не е точно дека сум добил покана за вакво снимање. Разбирам ако Силјановска сакала да си сними сама видео со Река. Она што е сепак загрижувачко е бегање од дебатата на Телма за која нема уште објаснување“, напиша Пендаровски на својот твитер акаунт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1