ВИДЕО: Паника во Боинг – при полетување се запалил моторот


Моторот на „боинг 737“ се запалил на писта само неколку моменти пред полетувањето.

Трагедијата е избегната, бидејќи патниците забележале оган кој излегувал од моторот.

Инцидентот се случил на авионот на компанијата Утаир кој требало да лета од Москва кон Махачкалу. Патниците снимиле пламен како го „голта“ десниот мотор додека го снимале само полетувањето.

Настанала паника во авионот, а патниците скокале од своите места барајќи авионот да застане. Неколку патници дури го отвориле излезот во случај за опасност и излегле од десното крило. Сите патниците подоцна биле префрлени во друг авион за да го продолжат летот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1